За нас

Историја

Утилис е дел од поголема компанија Бансколија-С која постои од 1992 година. Првите наши проекти од информатичката технологија започнаа во 2001 година. Во првите години од нашето работење, до 2008 бевме претежно ориентирани кон веб технологиите. Во 2008 година решивме делот за информатички услуги од компанијата да се издвои и брендира, со што во 2008 настана Утилис. Од 2008 до денес успешно опстојуваме и нудиме многу поширок спектар на информатички услуги и производи за разлика од порано. Денес во нашите услуги се вбројуваат: веб решенија, софтверски решенија, графички дизајн, мултимедијални презентации, корисничка подршка и консалтинг, хостирања, па дури и продажба на компјутерски системи.

За компанијата

Во нашето кратко постоење како посебен дел од Бансколија-С успеавме да создадеме препознатлив имиџ и да воведеме некои стандарди во вреднувањето на информатичките производи и услуги. Во тоа успеавме со многу напорна работа и ограничен број на средства. Сепак во тоа ни помогна и нашата желба за соработка со компании кои имаат слични дејности со нашите. Како резултат на тоа во моментов Утилис е бронзен партнер на словенечката компанија за производство на софтвер Datalab и партнер со една од најголемите компании за продажба на компјутерски системи и компоненти во Македонија - РиверСофт.

Визија

Иако сме долго време присутни на македонскиот пазар, сепак сме мала компанија. Нашиот долгорочен план е да ја зголемуваме компанијата со вработување на стручни кадри и на тој начин да обезбедиме поквалитетни производи и услуги за македонскиот пазар. Во моментов владее хаос на пазарот на информатички труд со што се девалвира ннашата работа. Но и прокрај тоа наша определба е и секогаш ќе биде креирањето на информатички системи со врвен квалитет, притоа прилагодувајќи се на условите на пазарот.